Богатиот сопственик на фудбалскиот клуб Малага, упати сериозни закани.

По убиството на францускиот професор Самуел Пати (Samuel Paty) за прикажување карикатури на пејгамберот Мухаммед с.а.в.с (Muhammad s.a.w.s), ситуацијата во таа земја достигна критична точка.

Комплетната состојба дополнително ја влошија изјавите на францускиот претседател Емануел Макрон (Emmanuele Macron), кој рече дека исламот како религија е во криза и дека „исламистите претставуваат закана за државата“.

Овие зборови на Макрон (Macron) наидоа на неодобрување и критики и во Франција (France) и во муслиманските земји како Пакистан (Pakistan), Иран (Iran), Турција (Turkey), Саудиска Арабија (Saudi Arabia), Бангладаеш (Bangladesh) и други земји.

Додека кавгите меѓу Макрон (Macron) и Ердоган (Erdogan) излегоа во центарот на вниманието, закана за Франција (France) и нејзиниот претседател ја испрати преку „Твитер“ („Twitter“) богатиот сопственик на шпанска Малага (MalagA), шеикот Абдулах Ал Тани (Abdullah Al Tani).

„Ако нема официјално извинување за сите муслимански земји во врска со расизмот, поттикнувањето и говорот на омраза, тогаш ќе сносите последици“, напиша шеикот на „Твитер“ („Twitter“).

Ал Тани (Al Tani) исто така се приклучи на движењето за бојкот на француски производи во кои беа вклучени неколку исламски земји, а сопственикот на Малага отиде чекор подалеку и најави бојкот и за другите западни земји.

„Постојат и други западни земји кои треба да бидат бојкотирани. Нема да заборавиме навредливи филмови или карикатури“, вели претседателот на Малага (Malaga).

Balkantime