Таблетите Фавира се користат во случаи на вирусни инфекции, а како што покажаа новите студии и ги потврдија лекарите, во сегашната КОВИД инфекција дава позитивни ефекти, ги ублажува симптомите и го спречува развојот на болеста и нејзиното времетраење.

Станува збор за лек од 200 мг од турскиот производител „Абди Ибрахим“.

– Лекот веќе е во аптеките и е достапен на Балканот односно за прв пат започнува со продажба во БиХ. Се издава врз основа на рецепт и не е за слободна продажба. Значи, секој пациент на кој му треба, ќе мора да има препорака од лекар. Цената е 150 евра и тоа е пакет од 40 таблети, што е доволно за пет дена, колку што предвидува терапијата која се вклучува на време .