Агенцијата за управување со вонредни состојби на Турското Министерство за внатрешни работи (АФАД) соопшти дека најмалку 17 лица загинале, а 709 се повредени во земјотресот што го погоди Измир.

Во соопштението на АФАД се вели дека следеле 196 потреси, од кои 23 биле над четири степени.

Здравствениот центар за итна координација (САКОМ) соопшти дека 17 лица смртно настрадале, вклучувајќи и едно како резултат на задушување, додека 709 биле повредени.

Покрај тоа, екипите на Црвената полумесечина испратија 114.460 маски и 5.000 средства за дезинфекција во областа.

Извор: Анадолија