Уште две лица беа спасени од урнатините во Измир, Турција, кој денес го погоди силен земјотрес.
Агенцијата за управување со вонредни состојби на Турското Министерство за внатрешни работи (АФАД) соопшти дека спасувачките екипи продолжуваат со операциите за спасување и пребарување.
Меѓу спасените е и 28-годишниот аматерски фудбалер Малик Тахилер, кој бил пренесен во болницата.
Претходно, друго лице беше спасено во друга област, а спасувачките активности сè уште траат.
Најмалку 17 лица загинаа, а 709 беа повредени по земјотресот со јачина од 6,6 степени според Рихтеровата скала го погоди Измир, Турција во петокот.
Претходно, гувернерот на Измир, Јавуз Селим Косгер, изјави дека околу 70 лица се спасени под урнатините.
Извор: Анадолија










