По земјотресот со јачина од 6,6 степени во Егејското Море, неколку шефови на држави и политичари од Европа испратија порака на сочувство и солидарност до Турција.
„Се молам за роднините и ранетите на оние кои ги загубија своите животи во Турција и Грција“, рече австрискиот претседател Александар Ван дер Белен на Твитер.
„Грција нуди помош“
Подготвеноста на Грција да испрати спасувачки тимови во Турција, ја изразил шефот на грчката дипломатија Никос Дендиас во телефонскиот разговор со неговиот турски колега Мевлут Чавушоглу, додека пак премиерот на Грција Кирјакос Мицотакис му се јавил на претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган, јави дописничката на МИА од Атина.
Двата телефонски разговори се по силниот земјотрес што ги погоди Самос и Измир.
-Стапив во контакт со министерот за надворешни работи на Турција Мевлут Чавушоглу и му ја изразив подготвеноста на грчката Влада веднаш да испрати припадници на единицата за помош при катастрофи , напиша Дендиас на „Твитер“.
А исто така преку „Твитер“, грчкиот премиер соопшти дека телефонски разговарал со турскиот претседател за да му изрази сочувство за трагично загубените животи во земјотресот што ги погоди двете земји.
-Без оглед на нашите разлики, ова се моменти кога нашите народи треба да бидат обединети, напиша Мицотакис.
„Франција исто така подготвена е да помогне“
Францускиот министер за надворешни работи Жан-Ивс Ле Дријан изјави дека голем земјотрес во Егејското Море ја погоди Турција и неколку грчки острови, додавајќи: “Ние целосно се солидаризираме со Грција и турскиот народ. Ние сме со нив и подготвени сме да мобилизираме помош за нив”.
„Израел исто така нуди помош на Турција“
Израелското Министерство за одбрана во писмена изјава соопшти дека министерот за одбрана Бени Ганц и нареди на израелската армија да започне со подготовките за испраќање на тим за пребарување и спасување во Турција.
Израелската армија е подготвена и да воспостави полска болница во земјотресната зона за лекување на ранетите, доколку е потребно, се наведува во соопштението.
Израелските медиуми објавија дека предлогот за помош на Тел Авив бил проследен до турските власти.
Во меѓувреме, на сметка на израелската армија на Твитер, се споделува дека предлогот за помош на Тел Авив е цитиран во пораката за солидарност на турски јазик.
„Во овие тешки времиња, ќе пружиме силна рака да помогнеме“, се вели во објавата.
Anadolu/TV21










