АНКАРА (АА) – Управата за вонредни состојби при Министерството за внатрешни работи на Турција (АФАД) соопшти дека најмалку шест лица се загинати, а 202 се повредени во силниот земјотрес што го погоди Измир и соседните региони на Егејското Море, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Во соопштението се наведува дека меѓу загинатите е и едно постаро лице кое се удавило поради покачувањето на нивото на морето.

6 killed, 202 injured in quake in Izmir, Aegean Turkey
„Спасувачките екипи во моментов пребаруваат 12 урнати и оштетени згради“, се наведува во соопштението.

Исто така, се додава дека за потребите на спасувачките и другите активности кои ги предводи АФАД исплатени се три милиони лири итни средства.

İzmir'de 6.6 büyüklüğünde deprem!

Земјотрес со јачина од 6,6 степени според Рихтеровата скала денеска го потресе Измир и соседните турски области. Епицентарот е регистриран кај Сеферихисар, а регистрирани се и 67 последователни потреси, од кои 13 со јачина од над четири степени по Рихтер.

Од соседните турски области во Измир пристигнува помош, а спасувачките екипи водат трка со времето за што побрзо пребарување на урнатините и пронаоѓање на повредени.

6 dead, 120 hurt as earthquake hits Turkey and Greece

Три воени транспортни авиони пристигнаа од Анкара, Ерзурум и Дијарбакир, а во регионот погоден со земјотресот пристигнува и персонал на Турската црвена полумесечина, кој испорача 16 возила и мобилна кујна со капацитет до 25.500 луѓе.

И сите останати надлежни служби во Измир, исто така, ги испратија своите тимови во Измир, а од Министерството за семејство, труд и социјална заштита уплатени се пет милиони лири итни средства.

Anadolu