Германската канцеларка Ангела Меркел и премиерите на 16 германски сојузни држави денеска се согласија да спроведат lockdown поради големото зголемување на бројот на лица заразени со коронавирус.
Следниот понеделник, 2 ноември, рестораните и пабовите ќе ги затворат вратите за посетителите, а мерките ќе бидат засилени кога станува збор за контактите. Само луѓето од двете домаќинства ќе можат да се сретнат надвор, а бројот на луѓе е ограничен на десет. Заклучувањето треба да трае четири недели, пренесува Билд.
Исто така, граѓаните ќе мора да се воздржат од сите патувања во странство што не е потребно. Ова исто така важи и за семејни посети.
Рестораните и пабовите ќе можат да доставуваат храна, додека мензите ќе останат отворени. Училиштата и градинките исто така ќе останат отворени.









