Врховниот водач на Иран, ајатолахот Сајид Али Хамнеи, испрати порака до младите во Франција, во екот на бес кај муслиманите ширум светот поради објавувањето на навредливи карикатури на пророкот Мухамед с.а.в.с.
Врховниот лидер на Иран испрати порака, која се споделува на француски јазик и се шири на социјалните мрежи.
„Француска младина!
Прашајте го вашиот претседател зошто поддржува навреда на Божјиот Пратеник и смета дека тоа е слобода на говор. Дали е тоа слобода на говор – пцуење и навредување – на сметка на брилијантни и свети личности? Зарем овој глупав чин не е навреда за луѓето што го избраа за свој претседател?
Друго прашање е зошто сомнежот во холокаустот е кривично дело. И зошто секој што пишува нешто за тоа мора да оди во затвор, а навредувањето пророкот (с.а.в.с) е слободно? “Дали е пораката на иранскиот водач.








