БАКУ (АА) – Претседателот на Азербејџан, Илхам Алијев, соопшти дека азербејџанската Армија ослободила уште 13 села од окупацијата на Ерменија, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Алијев, во објавата на својот профил на Твитер, напиша: „Победничката азербејџанска Армија ги ослободи следните села: Биринџи Агали, Икинџи Агали, Учунџу Агали и Зернели на градот Зенгилан. Селото Мандили на градот Фузули. Селата Казанземи, Ханагабулак, Чулу, Кушчулар и Караагач на градот Џебраил. И селата Гијасли, Едилче и Гиличан на градот Губадли. Да живее азербејџанската Армија. Карабах е на Азербејџан.“
Во операцијата што ја започна во Нагорно Карабах на 27 септември, азербејџанската Армија од окупацијата на Ерменија ослободи 4 градски центри, 3 мали града, околу 170 села и некои важни ридови.
Anadolu









