Францускиот претседател Емануел Макрон јасно стави до знаење, откако млад Чеченец го обезглави наставникот Самуел Пети заради прикажување карикатура на пророкот Мухамед, дека Франција нема „да се откаже од карикатури“ и му објави војна на „исламскиот сепаратизам“. Оттогаш тој беше остро критикуван од исламските лидери, особено турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, кој рече дека Макрон треба „да го провери своето ментално здравје“ на што мусе придружи и пакистанскиот премиер Имран Кан.

Во вторникот, чеченскиот лидер и близок сојузник на рускиот претседател Владимир Путин, Рамзан Кадиров, го спореди Макрон со терорист, додека чеченскиот муфтија рече дека Макрон е „терорист број еден“ во светот.

Да потсетиме, наставникот беше убиен од осумнаесетгодишен етнички Чеченец, барател на азил, Абдулах Анзоров.

„Не знам во каква состојба беше Макрон кога ја даде таа изјава, но последиците од таквата реакција можат да бидат многу трагични. Самиот претседател на Франција сега почнува да изгледа како терорист. „Поддржувајќи провокации, тој тајно ги повикува муслиманите да извршат злосторства“, напиша Кадиров на руската социјална мрежа Телеграм, пренесува Спутник.

„Со цело време прикривање со лаги за највисоките човечки вредности, вашето однесување и постапување ги принудуваат луѓето да извршат злосторства“, додаде Кадиров.

Рамзан Кадиров владее со Чеченија со цврста рака од 2007 година. Рамзан е син на Ахмад Кадиров, главниот чеченски муфтија кој смени страната во Втората чеченска војна. Тој ги напушти чеченските сепаратисти и стана претседател на Република Чеченија во рамките на Руската Федерација по воспоставувањето на руското правило. Тој беше убиен во 2004 година на фудбалски стадион во Грозни, кога чеченските терористи активираа експлозив во полето на стадионот.

Чеченскиот муфтија Салах Мезијев, пак, му порача на Макрон преку Инстаграм во понеделникот дека тој е „терорист број еден во светот“.

„Навредувајќи го нашиот пророк, вие ги навредувате сите пророци (а.с.) и сите религии“, рече тој.