Иранското Министерство за надворешни работи го повика на разговор францускиот вршител на должноста за навредите на пејгамберот Мухаммед с.а.в.с.

Иранската државна телевизија ИРИБ пренесе дека службеник на Министерството за време на состанокот во понеделникот му рекол на францускиот дипломат дека Иран силно ја отфрла секоја навреда и непочитување кон исламскиот пејгамбер Мухаммед с.а.в.с и чистите вредности на исламот изречена од која било личност, без оглед на позицијата, пренесува „Ројтерс“.

Овој потег на Иран е реакција на коментарите на францускиот претседател Емануел Макрон, кои беа критички настроени кон исламот.

На почетокот на овој месец, Макрон му оддаде почит на наставникот по историја, кој беше обезглавен, затоа што користеше карикатури што го прикажуваа пејгамберот Мухаммед с.а.в.с, на час за слобода на изразување.

MTM