Еден милитант е убиен во експлозија на самоубиствена бомба во Искендерун, а друг по кратка акција на безбедносните сили на Турција и бил неутрализиран при обид за бегство, соопштија властите во провинцијата Хатај, која се наоѓа во непосредна близина на границата со Сирија.

Видеото објавено на социјалните мрежи покажува пукање од огнено оружје што претходеше на експлозијата на улицата во Искендерун, која турските медиуми ја идентификуваа како улица Фанар во трговскиот кварт на градот.

Двајцата милитанти биле забележани на контролен пункт во областа Пајас. Еден од нив се разнел откако се судрич со полицијата “, изјавил гувернерот на Хатај, Рахми Доган, во изјавата доцна вечерва. „Акцијата за фаќање на другиот терорист траела кратко, при што и тој бил неутрализиран“.

Пајас е град веднаш северно од Искендерун. Се претпоставува дека милитантите го избегнале контролниот пункт и возеле во градот, а полицијата била во жестока потера.

Фотографиите од местото на настанот покажуваат голема штета на автомобилите и излозите на продавниците.

Ниту еден цивил не е повреден во инцидентот, рече Доган.

Хатај е најјужната турска провинција, сместена помеѓу Медитеранот на запад и Сирија на југ и исток.