Босанската заедница во Америка е важен дел од изборниот процес, па затоа е можно да се видат билборди на босански јазик по улиците на американските градови.

Во Ст Луис во американската држава Мисури поставен е билборд со заедничка слика на eо Бајден и првиот претседател на независна БиХ, Алија Изетбеговиќ.

Ст. Луис е една од најголемите босански заедници во САД и во целиот свет.

Потсетуваме, веќе пишувавме за ангажманот на Босанците во корист на демократскиот претседателски кандидат eо Бајден.

Во американската држава Илиноис вчера се појави порака од поранешниот амбасадор на САД во БиХ, Томас Милер, во која ги потсетува Босанците на пријателството на Бајден со БиХ.

„Џо Бајден е докажан пријател на БиХ пред, за време и по војната“, рече Милер во изјавата.

Bо Бајден во повеќе наврати го искажа своето пријателство и поддршка за нашата земја, а пред неколку дена објави документ кој го содржи неговиот план за Балканот и БиХ доколку стане нов претседател на Соединетите држави.

(Вијести.ба)