Движењето за друштво за мир, на Алжир (АДДМ) (MSP) го повика претседателот Абделмаџид Тебун (Abdelmadjid Tebboune) да заземе став против францускиот претседател Емануел Макрон (Emmanuel Macron) по неговиот напад врз исламот.
Во изјавата, (АДДМ) (MSP)ги повика „алжирските официјални институции, пред се претседателството, да ги осудат изјавите на Макрон (Macron) и да заземат соодветен дипломатски, политички и економски став додека тој (алжирскиот претседател) се заколна дека ќе го почитува и слави исламот и земајќи ги предвид чувствата на алжирскиот народ“.
Партијата ги сметаше навредите на Макрон (Macron) на штета на исламот и муслиманите и нападот врз „нашиот сакан пејгамбер Мухаммед, с.а.в.с (Muhammad s.a.w.s)“ за очигледен напад врз муслиманската заедница ширум светот.
Во последните денови на некои згради во Франција (France) беа изложени навредливи карикатури на пејгамберот Мухамед с.а.в.с (Muhammad s.a.w.s).
Макрон (Macron) во изјавата за печатот минатата среда рече дека „Франција (France) нема да се откаже од карикатурите“, што предизвика бран негодувања низ муслиманската заедница.
Бројни муслимански групи, вклучувајќи ги Кувајт (Kuwait) и Катар (Qatar) оттогаш започнаа со бојкот на француски производи.
„Dubai-Portal“
„MEMO“








