Неколку напаѓачи фрлија молотов коктел кон германскиот институт „Роберт Кох“ („Robert Koch“) за инфективни болести во Берлин (Berlin), предизвикувајќи штета на зградата, соопшти полицијата.
Инцидентот се случил во текот на ноќта, а стражарите во институтот, кои ја советуваат владата за мерките за јавно здравје за сузбивање на пандемијата на вирусот корона, биле сведоци на нападот, пренесува „Ројтерс“ („Reuters“).
Според соопштението на полицијата, напаѓачите, кои не биле фатени, искршиле прозорец на зградата, повредени нема.
Берлинската полиција истражува дали нападот бил политички мотивиран, се наведува во соопштението.
Да потсетиме, медиумите вчера ја објавија изјавата на директорот на германскиот епидемиолошки институт Роберт Кох Лотар Вилер дека постојат два клучни фактори кои го прават коронавирусот побрзо да се шири – смеење и зборување!
„Онаму каде што луѓето зборуваат и се смеат на мал простор, постои голема опасност од пренесување на инфекцијата“, рече вчера Лотар Вилер (Lothar Vieler).
„Dubai-Portal“
„Sputniknews“









