Поради воведените нови ограничувања и полициски час поради, демонстрантите синоќа нападнаа полициски возила во третиот по големина италијански град Наполи. Гневот го предизвика повикот за ново заклучување.

Толпа незадоволни луѓе извикуваа „Слобода“ фрлајќи шишиња и димни бомби врз полициските возила.

Полицијата употреби солзавец обидувајќи се да ги растера демонстрантите.

Масовните протести во Наполи и пристанишниот град Салерно се одржаа и покрај полицискиот час, кој започна синоќа.

Жителите на јужниот регион добија наредба да останат дома секоја вечер од 23 до 5 часот наутро до 13 ноември.