Договорот за нормализирање на односите меѓу Судан (Sudan) и Израел (Israel), постигнат со посредство на САД (USA), е „лажен“ и обезбеден со „откуп“, објави иранското Министерство за надворешни работи.
„Платете доволно откуп, затворете ги очите кон злосторствата против Палестинците, тогаш ќе бидете отстранети од таканаречената црна листа на терористи“, соопшти иранското Министерство за надворешни работи на „Твитер“ („Twitter“), пренесува „Танјуг“ (Tanjug“).
“Списокот е очигледно лажен, како и борбата на САД (USA) против тероризмот. Срамота.”
Израел (Israel) и Судан (Sudan) во петокот се согласија да преземат чекори за нормализирање на односите со посредство на САД (USA), а Трамп (Trump) вчера го потврди тоа.
“Dubai-Portal”
“AJ”










