Владата конечно одлучи за имињата на директорите и нивните заменици од третиот ешалон.

По прифаќањето на оставката на директорката на Агенцијата за вработување, Билјана Јовановска, на нејзино место е назначен Абдуш Демири, кадар на Движење Беса. Владата исто така ја констатираше оставката на Иљми Сељами од должноста член на Бордот на директори на Водовод, а назначен е Васко Стефанов.

Примена е и оставката на директорот на Државниот завод за индустриска сопственост, Сафет Емрули на чие место ќе дојде Горан Герасимовски. Кај Железници – Транспорт на местото на кадарот на Алтернатива, Орхан Муртезани, нов директор ќе биде Аднан Азизи, од редовите на Беса.

Екс генералниот секретар на Министерството за земјоделство, Нефрус Челику,кадар на ДУИ, е назначен за директор на ЈП Пасишта. Тука доаѓа на местото на Љуљзим Фејзулаху, кој како што се вели, е разрешен поради слабите резултати и неизвршување на обврските од планот за работа.

Разрешен е и директорот на Инспекторатот за труд, Алајдин Авзиу и назначена е Јована Тренчевска. Од функцијата директор е разрешен и Фејзула Спахија од Државниот инспекторат за животна средина и на негово место доаѓа Ана Петровска.

Џезми Салиу е разрешен од функцијата директор на Управата за животна средина и на оваа функција доаѓа Хисен Џемаили како вршител на должност. Од функцијата в.д. директор на Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот разрешен е Арбен Виља, а на негово место именуван е Дејан Павлески.

Разрешена од должноста е и Славица Тодорова, директорка на Развој и промоција на образованието и јазикот на припадниците на заедниците и назначен е Милутин Станчиќ.

Мандатот не му е продолжен и на директорот на Агенцијата за филм, Горјан Тозија и ќе се објави јавен оглас за назначување нов директор.

Владата го разреши и Анте Попоски од должноста в.д. директор на Агенцијата за квалитет и акредитирање на здравствените установи и назначена е Каљтрина Беќири.

Разрешен е и Измит Нура од функцијата заменик директор на Агенцијата за млади и спорт  на чие место доаѓа Авни Рустеми. Нура заминува на функцијата заменик директор во Агенцијата за емиграција, на местото на Осман Шукриу.

Абдул –Сељам Сељами е разрешен од функцијата заменик директор на Агенцијата за финансиска поддршка во Земјоделство и рурален развој и сега ќе биде заменик директор заменик директор во Управата за јавни приходи. До сега заменик овде беше Ремзи Абдулахи кој сега ќе биде вршител на должност заменик директор на Агенцијата за финансиска поддршка во Земјоделство и рурален развој.

До Управниот одбор на ЈП за стопанисување со објекти за спорт доставен е предлог за отпочнување постапка за разрешување на директорот Шпенд Хајредини поради индиции за нарушување на одредби од Законик за етичко однесување.

Владата му препорача на надзорниот одбор на М-НАВ за член на Управниот одбор да го избере Фахрудин Хамиди.

Слободанка Колевска е разрешена од функцијата член на Управниот одбор на Општата болница во Струга на нејзино барање, а на нејзино место именуван е Мартин Џутески.

За членови на Одборот за соработка и развој на граѓанскиот сектор, Владата ги назначи Наташа Бошкова во областа Заштита на маргинализирани лица и Снежана Трпевска во областа Медиуми и Информатичко општество.

Марјан Кицев е назначен за член на Управниот одбор на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување. Маја Аргировска е разрешена од функцијата член на Комисијата за барањата за покачување на формираната цена за лекови, а на нејзино место доаѓа Аница Иваноска Стрезовски.

Од функцијата член на Управен одбор на Фондот за иновации и технолошки развој разрешен е Александар Стефановски и 5 члена поради завршување на мандатот, а на нивно место назначени се Моника Јованова, Пиштар Љутфиу, Калина Лечевска, Бранко Ничота, сите на три годишен период, како и Димитрија Анѓеловски, Синиша Велјановски и Дритон Зибери за две годишен период.

Блажена Пејовска е назначена за член на Управниот одбор на ЈП Државни патишта.

TV21