Судан и Израел се согласија да ги нормализираат односите, најави американскиот претседател Доналд Трамп во Белата куќа во петокот, потег што Палестинците го прогласија за „ново прободување во грб“.
Трамп, кој бара реизбор за претседател на 3 ноември, го склучи договорот по телефон со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и суданскиот премиер Абдал Хамдок и шефот на Преодниот совет, Абдел Фатах ал-Бурхан, соопштија високи американски претставници.
„Лидерите се согласија да ги нормализираат односите меѓу Судан и Израел и да ја прекинат војната меѓу нивните народи“, се вели во заедничкото соопштение на трите земји.
Трамп додаде дека очекува Палестинците и другите земји, вклучително и Саудиска Арабија, да се договорат за поблиски врски со Израел во наредните месеци.
„Ова ќе биде трета земја во која го правиме тоа – и имаме многу, многу други“, рече Трамп.
„Dubai-Portal“
„AlJazeera“









