ЖЕНЕВА (АА) – Обединетите нации (ОН) соопштија дека страните во Либија постигнале договор за воспоставување трајно примирје во сите делови на земјата, јавува Агенција Анадолија (АА).

Вршителката на должност специјална пратеничка на генералниот секретар на ОН за Либија, Стефани Вилијамс, присуствуваше на четвртиот круг на преговори на либискиот Воен комитет кој се состои од петчлена делегација на спротивставените страни од Либија.

Либиските страни во Канцеларијата на ОН во Женева потпишаа договор за воспоставување траен прекин на огнот во земјата, а Вилијамс во обраќање на арапски јазик го поздрави нивниот договор.

Канцеларијата на ОН во Женева на социјалните мрежи напиша дека има добри вести за Либијците, а постигнатиот договор за примирје е наречен историски.

Вилијамс вчера изјави дека силите на меѓународно признатата Влада на национално единство на Либија и нелегитимните сили лојални на командантот Калифа Хафтар постигнале договор за отворање на сите патишта и воздушни линии за комуникација во земјата.

Anadolu