Во Франција, жена подложена на насилство од страна на нејзиниот сопруг, на полицијата пријави дека нејзиниот сопруг католик е „радикален исламист” кој поседува оружје, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во градот Ним, една жена подложена на насилство од страна на нејзиниот сопруг повикала полиција на која ѝ пријавила дека нејзиниот сопруг е „радикален исламист” кој поседува нелегално оружје.
Француската полиција по повикот ја посети жената која тврдеше дека е подложена на насилство и откри дека нејзиниот сопруг е конзервативен католик и дека оружјето во куќата е легално.
Отворена е истрага против мажот за семејно насилство, а за жената истрага за клевета.
Откако минатата недела еден наставник беше пронајден мртов, француската полиција за цел ги зема муслиманите и исламските организации низ целата земја.
Телото на еден наставник беше пронајдено обезглавено на 16 октомври, во населбата Конфленс-Сен-Онорин.
Француските власти објавија дека осомничениот за убиство на наставникот бил забележан во близина на телото со нож во раката и бил застрелан од полицијата откако почнал да бега.
Беше истакнато дека наставникот за време на часот покажал карикатури на божјиот пратеник Мухамед и дека родителите реагирале на тоа.
По убиството на наставникот, француската полиција изврши рација во над 50 џамии и здруженија низ целата земја.
Anadolu









