БАКУ (АА) – Турската агенција за соработка и координација (ТИКА) за азербејџанските цивили кои живеат во близина на линијата на фронтот, изложени на ерменските напади, испрати 40 тони помош во основни намирници, јавува Агенција Анадолија (AA).

Пакетите со помош, по церемонијата на која присуствуваа амбасадорот на Република Турција во Баку, Еркан Озорал, помошникот на челникот на Државниот комитет на Азербејџан за бегалци и присилно раселени лица, Фуад Хусеинов, и координаторот на ТИКА за Баку, Теоман Тирјаки, се испратени до населението.

Озорал, по тој повод, рече дека Турција е покрај Азербејџан и во добри и во лоши денови.

Наведе дека Турција и Азербејџан се „две држави, еден народ“.

„Ние до крај го поддржуваме Азербејџан во неговата борба за ослободување на сопствените територии. Нашата поддршка не е само затоа што сме браќа, туку и затоа што народот на Азербејџан со право води борба. Нема да ги оставиме нашите браќа“, рече Озорал.

Челникот на Државниот комитет на Азербејџан за бегалци и присилно раселени лица, Фуад Хусеинов, истакна дека азербејџанскиот народ се бори за ослободување на сопствената територија.

Додаде дека во таа борба чувствуваат голема поддршка од турската држава и народ, и ѝ се заблагодари на Турција и ТИКА за донацијата.

Координаторот на ТИКА, Тирјаки, изјави дека неодамна се поделени 500 торби за прва помош на членовите на Црвената полумесечина кои се наоѓаат на теренот во зоната на судирите, а денеска им е испратена помош во вид на храна за семејствата кои поради судирите беа принудени да ги напуштат своите домови.

Помошта од 40 тони ќе биде поделена на околу 2.000 семејства кои се наоѓаат во Тартар, Агдам, Берде, односно во подрачјата во близина на линијата на фронтот.

Anadolu