ЕРУСАЛИМ (АА) – Десетици еврејски доселеници денеска упаднаа во комплексот на џамијата „Ал Акса“ во окупираниот Источен Ерусалим, јавува Агенција Анадолија (АА).

„Под заштита на израелската полиција, над 100 доселеници упаднаа во комплексот преку портата Ал Магрибе“, се соопштува од Управата на исламскиот вакаф во Ерусалим.

Доселениците ја повикаа израелската Влада да го протера исламскиот вакаф од комплексот на џамијата.

Управата на исламскиот вакаф во Ерусалим предупреди на последиците на таквите барања во „Ал Акса“ под надзор на израелската полиција која обезбеди заштита на упадот на доселениците.

Комплексот „Ал Акса“ се простира на 15 отсто од површината на старото јадро на Ерусалим, кој е под израелска окупација, и претставува точка на соединување на трите најголеми религии во светот.

По џамијата „Месџид ел Харам“ во Мека и „Месџид ел Небеви“ (Џамија на Пратеникот) во Медина, „Ал Акса“ е трето свето место по важност за муслиманите.

Anadolu