АНКАРА (АА) – Турција ќе продолжи со потрагата по енергетски ресурси во регионот на Црното Море, каде досега откри 405 милијарди кубни метри природен гас, рече турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, јавува Агенција Анадолија (AA).
Говорејќи по повеќечасовниот состанок на Кабинетот во Анкара, турскиот претседател се осврна на различни теми, меѓу кои и за епидемијата на коронавирусот, како и енергетските истражувања и надворешната политика.
Турција со сондажните истражувања на наменскиот брод „Фатих“ во Црното Море во август откри резерви на природен гас од најмалку 320 милијарди кубни метри. Тоа беше најголемото откритие на резерви на гас во историјата на Турција, а претседателот Ердоган минатиот викенд објави уште радосни вест за турските резерви на тој енергент во Црното Море.
Почетокот на експлоатацијата на гас од изворот „Туна-1“ (Дунав-1) се очекува во 2023 година. Станува збор за извор кој се наоѓа во полето на природен гас Сакарја, оддалечено 170 километри од северниот турски брег.
Потсетувајќи дека во август, во изворот „Туна-1“ во полето Сакарија откриени се резерви од 320 милијарди кубни метри од тој енергент, Ердоган рече дека дополнителното истражување ги зголеми резервите на гас минатиот викенд на рекордни 405 милијарди кубни метри.
Земјата би можело да ја очекуваат уште добри вести, додаде тој, со оглед на тоа што треба да започне работата на новиот бунар „Туркали 1“ во Црното Море следниот месец.
Растот и напредокот на Турција го покренаа нејзиното вклучување во надворешните прашања, како поради нејзината историја, така и од други причини, бидејќи никогаш не можеше да ги напушти невините луѓе на кои им е потребна помош, рече претседателот.
Тој истакна дека Турција не може да дозволи Ирак да стане засолниште за терористите, ниту Сиријците да страдаат од терористичките групи или режими, ниту пучистите да ја уништат Либија.
Ердоган нагласи дека Анкара во целост ќе го поддржи Азербејџан против Ерменија, која со децении ја окупира територијата на Баку и започна со напади врз цивили кршејќи го меѓународното право.
Турскиот претседател исто така коментираше и за избувнувањето на новиот вид коронавирус, велејќи дека властите внимателно ќе го следат почитувањето на мерките воведени против ширењето на болеста, која досега во Турција однесе 9.445 животи.
Ердоган рече дека Владата се надева дека до пролет ќе заврши работата на вакцината.
Учениците од петто и деветто одделение во Турција ќе започнат да се враќаат на училиште на 2 ноември, додека другите ќе продолжат со онлајн часови во рамки на мерките против вирусот.
Турција досега потврди повеќе од 351.000 случаи на Ковид-19, од кои скоро 307.000 се целосно оздравени. Регистрирани се вкупно 9.445 смртни случаи, а 1.545 пациенти се категоризирани како критично болни.
Anadolu








