БАКУ (АА) – Азербејџанската војска сруши беспилотно летало на Ерменија, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Информацијата преку соопштение ја потврди Министерството за одбрана на Азербејџан.

Во соопштението се вели дека беспилотното летало на Ерменија денеска извршило извидувачки лет во насока на подрачјето Хорадиз.

Според соопштението на Министерството, беспилотното летало е срушено од страна на воздухопловните одбранбени сили на Азербејџан.

Инаку, азербејџанските воздухопловни сили вчера срушија две беспилотни летала на Ерменија.

Anadolu