ПАРИЗ (АА) – Францускиот министер за внатрешни работи, Жералд Дарманин, истакна дека се чувствува непријатно кога во маркетите ќе ги види рафтовите со халал производи, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Дарманин во изјавата за телевизијата БФМТВ (BFMTV) се осврна на тековните случувања.

Истакнувајќи дека е шокиран од постоењето на специјалните оддели за халал прехранбени производи во маркетите и дека му е непријатно од тоа, Дарманин рече: „Во маркетите не треба да има оддел само за халал прехранбени производи.“

„Вака започнува формирање на религиозна заедница која е незаконска. И капитализмот исто така има одговорност за тоа“, истакна Дарманин.

Тој исто така рече дека во земјата можат да се објавуваат карикатури на божјиот пратеник Мухамед и да се прикажуваат за време на училишните часови.

Наведувајќи дека социјалните медиуми играат важна улога во тероризмот и радикализацијата, Дарманин рече дека во Франција во последните три години затворени се 358 локации, вклучително и џамии, а биле депортирани 428 странци.

Жералд Дарманин предупреди дека во земјата е можно повторно да има напади.

Во Франција во последните денови притисоците и рациите врз муслиманските невладини организации се зголемија.

Дарманин во изјавата на 19 октомври рече дека ќе бидат затворени многу здруженија и невладини организации, вклучувајќи го Колективот против исламофобија во Франција „Баракасити“ и една џамија.

На 16 октомври во населеното место Конфленс-Сен-Онорин, близу Париз убиен е наставник на кој му е пресечена главата. Француските власти објавија дека осомничениот за убиство на наставникот бил забележан во близина на телото со нож во раката и бил застрелан од полицијата откако почнал да бега.

Беше истакнато дека наставникот за време на часот покажал карикатури на божјиот пратеник Мухамед и дека родителите реагирале на тоа.

Францускиот претседател Макрон по убиството инцидентот го опиша како „исламски терористички напад“.

Anadolu