Низ цела Европа, мерките се засилени за коронавирусот. Ова изнесе голем број граѓани на улиците во последните денови да го изразат својот револт против мерките.

За време на протестите избувнаа судири во некои градови.

Мерките главно вклучуваат затворање на услужни објекти, полициски час, задолжително носење заштитни маски, одржување на физичко растојание, а во некои држави, цели градови завршија во карантин.

Чешка

Чешката полиција употреби солзавец и водени топови во неделата за да растера стотици демонстранти во Прага, кои нападнаа полицајци и фрлија кон нив шишиња, камења и други предмети.

Најмалку 20 лица се повредени во судирите меѓу полицијата и демонстрантите.

Илјадници луѓе присуствуваа на протестот, вклучително и љубители на фудбалот и хокејот, кои протестираа против мерките вклучени забрана за спортски натпревари и затворање на барови и ресторани.

Исто така забрането е да се собираат повеќе од шест лица, но е дозволено да се соберат до 500 лица, доколку се поделат во групи од по 20 и ако носат заштитни маски. Многу демонстранти не носеа маски.

Црна Гора

Црногорците исто така го подигнаа лгасот против владините мерки. Во понеделникот, угостителите на Цетиње го блокираа кружниот тек кон Подгорица и Будва, во знак на протест против наредбата на Националното координативно тело (НКТ), кое ги затвори угостителските објекти во тој град.

Како што рекоа претставниците на угостителите, доколку НКТ не ја преиспита својата одлука, блокадите ќе следуваат секоја вечер од 19 до 21 часот.

Тие исто така предупредија дека околу 2.000 луѓе ќе ја изгубат работата со затворање на локалите.

 

Франција

Среде полицискиот час, кој во Париз е во сила од неделата, беше организиран непријавен протест против новите ограничувања.

Во регионот на Париз, како и во осум други француски региони, воведена е нова мерка за полициски час, која ќе трае од 21 до 6 часот наутро секој ден во следните четири недели.

[embedyt] https://www.youtube.com/watch?v=mf8Ek1jJzM8[/embedyt]

„Слобода, слобода!“, извикуваа околу стотина демонстранти на „Шатл“ плоштадот. Демонстрантите фрлаа канти за отпадоци на улица, а по триесетина минути полицијата успеа да ги принуди насобраните да ги растера, пренесуваат француските медиуми.

[embedyt] https://www.youtube.com/watch?v=-KIJ06h6FA0[/embedyt]

Велика Британија

Борците против карантин се движеа по улицата „Оксфорд“, една од најпрометните улици за шопинг во светот. Демонстрантите сметаат дека ограничувањата наметнати заради ковида 19 се непотребни и претставуваат кршење на нивните човекови права. Некои се противат на носење маски и вакцинирање.

Некои од демонстрантите носеа транспаренти на кои пишуваше: „Моето тело – мој избор, „НЕ“ за задолжителни маски“.

Британските власти затворија пабови и барови во областите на северот на Англија, додека ограничени собири во Лондон и други делови на земјата.

[embedyt] https://www.youtube.com/watch?v=sadC5zdydPw[/embedyt]