Градоначалникот на руската престолнина Сергеј Собјанин (Sergey Sobyanin) изјави дека воведувањето полициски час, забраната за движење низ градот и забраната за влез и излез од градот поради ковид-19, се екстремни мерки и дека се неприфатливи и невозможни.

„Крајните мерки се воведување полициски час, целосна забрана за движење низ градот, забрана за влез и излез и затворање на скоро сите компании. За нас тие мерки се апсолутно неприфатливи и невозможни“, се наведува во соопштението на веб-страницата на градоначалникот.

Собјанин (Sobyanin) додаде дека оптималната стратегија во борбата против ковид-19 е да се најде средина помеѓу затворањето на градот и целосно отфрлање на ограничувачките мерки.

„Не допирајте ги главните сектори на економијата, не лишувајте ги луѓето од работа.“, рече градоначалникот

Масовна вакцинација

Во исто време, градоначалникот истакна дека масовната вакцинација против ковид-19, ќе започне во Москва во декември-јануари.


„Dubai-Portal“

„Sputnik