Висока делегација од шведското Министерство за надворешни работи ја посети североисточна Сирија (Syria) за да разговара со курдските милиции и администрацијата.

Делегацијата, предводена од специјалниот пратеник на Министерството за сириската криза, Пер Орнеус (Per Örnéus) и Авин Jетин (Avin Jetin) од Европскиот институт за мир, се состанаа со копретседавачот на курдската комисија за надворешни работи Абдулкарим Омар на разговори за политички и хуманитарни прашања.
Шведските власти разговараа и за прашањето за камповите „Ал-Хол“ („Al-Hol“) и „Рој“ („Roj“) во оваа област.
Овие кампови чуваат раселени членови на поранешни борци на Даеш и се контролирани од курдски милиции, како што се единиците за заштита на народот (ЕЗН) (YPG) и сириските демократски сили (СДС) (SDF).
Шведската (Sweden) делегација потоа го посети кампот „Вашокани“ („Washokani“) во близина на градот Хасака (Hasaka) за да ги испита условите во кампот.
Администрацијата на кампот беше испрашувана за работата што ја работи со парите донирани од Шведска. „Ние во Шведска“, објасни Орнеус (Örnéus), „им нудиме огромни суми на агенциите на Обединетите нации (United States). Збунети сме зошто тие досега не ја завршија својата работа во кампот „Вашокани“ („Washokani“).“
Според, Аладин Џамил (Ala’eddin Jamil), копретседател на советот на логорот, тврди дека „раселените живеат во многу тешки услови во кампот поради недостаток на расположиви ресурси во моментот“.
Посетата на шведската делегација се случи само неколку месеци откако Франција (France) испрати своја делегација во областа да одржи тајни разговори, додавајќи на зголеменото признавање на курдските милиции и нивната администрација во земја во која е зафатена од војна.
„Dubai-Portal“
„MEMO“









