Иранското Министерство за надворешни работи прогласи победа на „мултилатерализмот, мирот и безбедност“, тврдејќи дека ембаргото на ОН за конвенционалното оружје истече на 18 октомври, и покрај притисокот од Вашингтон да воведе повторно санкции.

„Од денес се укинати сите ограничувања за трансфер на оружје, сродни активности и финансиски услуги од и до Исламската Република Иран и сите забрани за влез или транзит низ териториите на земјите членки на Обединетите нации што претходно беа воведени на голем број ирански граѓани и воени службеници“. Се наведува во соопштението на иранското Министерство за надворешни работи на полноќ по локално време, на 18 октомври.

„Важен ден за меѓународната заедница, која – и покрај злонамерните напори на Соединетите држави, ја заштити Резолуцијата на Советот за безбедност на ОН. 2231 и JCPOA “, додаде министерот за надворешни работи Џавад Зариф на својоѕ твит профил.

Според Заедничкиот сеопфатен план за акција (JCPOA), нуклеарен договор меѓу Иран и светските сили од 2015 година, ембаргото за оружје на ОН кон Иран истекува на 18 октомври, во согласност со резолуцијата 2231 на Советот за безбедност.

Вашингтон се обиде да спречи укинување на ембаргото, што беше воведено од Советот за безбедност во 2007 година и тврдеше дека според договорот од 2015 година ќе бидат воведени „реципрочни“ санкции. Советот за безбедност на ОН нашироко го осуди притисокот, па дури и европските сојузници тврдеа дека САД немаат законско овластување да го иницираат механизмот, откако еднострано се повлекоа од JCPOA во 2018 година.

Иако Техеран изјави дека сега е слободен да купува и да извезува оружје според своето дискреционо право, тој истакна дека одбранбената индустрија на Исламската република е самоодржлива и дека нема да има потреба за купување на оружје.

„Иранската одбранбена доктрина се заснова на силно потпирање на неговиот народ и домородните можности“, се вели во соопштението на Министерството. „Неконвенционалното оружје, оружјето за масовно уништување и купувањето на конвенционално оружје немаат место во доктрината на Иран“.

Logicno