ИСТАНБУЛ (АА) – Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, денес порача дека е „невозможно да се сфати иднината без разбирање на минатото, на што нè потсетуваат актуелните случувања во светот“, јавува Агенција Анадолија (АА).
Турскиот претседател на обраќањето по повод свеченото отворање на Управната зграда на Универзитетот „Ибн Халдун“ во Истанбул потсети дека „западниот свет ја наоѓаше инспирацијата за науката, од медицината до социологијата, во нашите корени.“
Ердоган укажа и на значењето на константниот развој на образовниот систем.
„Она што ни треба се иновации инспирирани од традицијата“, изјави Ердоган.
Anadolu










