Експертите од Советот за безбедност на Русија (Security Council of Russia) сметаат дека најверојатно ќе се појави епидемија на вештачки вирусни инфекции, објави прес-службата на апаратот на Советот за безбедност.
„Настаните поврзани со пандемијата Ковид 19 и нивните последици укажуваат на можност за биолошки закани предизвикани од други опасни патогени биолошки агенси“, се вели во соопштението.
Во врска со ова, Научниот совет на Советот за безбедност предложи „основните документи за стратешко планирање“ да се воведат „измени во врска со изворите на биолошки безбедносни закани поврзани со …, меѓу другото, создавање на вештачки вируси“
Покрај тоа, беше препорачан „понатамошен развој на системот на правни, медицинско-биолошки, санитарно-епидемиолошки, административно-организациски, комуникациски, информативни и други мерки насочени кон заштита на населението од опасни инфекции“.
Експертите исто така предложија развој на дополнителни мерки за борба против заканите поврзани со можноста за биотероризам.
Со Научниот совет во Советот за безбедност на Русија (Russia) претседава секретарот на Советот за безбедност, Николај Патрушев (Nikolai Patrushe).
„Dubai-Portal“
„Sputnik“









