Американската вселенска агенција НАСА потпиша договор со компанијата „Нокиа“ („Nokia“), кој се однесува на воспоставување на 4Г (4G) мрежа на Месечината.

Договорот е вреден 14,1 милиони евра, а планот на „Нокиа“ („Nokia“) е да воспостави 4Г (4G) мрежа на Месечината и на крајот да направи транзиција кон 5Г (5G) мрежа, исто како и на Земјата.

Тоа ќе биде, според НАСА, првиот Ел-Ти-И (LTE) / 4Г (4G) комуникациски систем во вселената.

Системот може да ја поддржува комуникацијата на месечината и на долги растојанија. Брзината би била поголема, а врската посигурна во споредба со сегашните стандарди.

Астронаутите можеле полесно да комуницираат на тој начин, а исто така треба да имаат подобра комуникација со Земјата.

Како што објаснија од компанијата „Нокиа“ („Nokia“), ова треба да овозможи не само полесна навигација на сателитот на Земјата, туку и пренесување на видеа и фотографии на Месечината.

Мрежата што тие планираат да ја изградат ќе биде компактна и специјално дизајнирана за да може да се справи со вселенските услови како зрачење и вакуум.