Регенсбург е град во југо-источна Германија, во сливот на реките Дунав, Нааб и Реген. Со повеќе од 150.000 жители, Регенсбург е четврти по големина град во државата Баварија по Минхен, Нирнберг и Аугсбург. Градот е политички, економски и културен центар и главен град на Горниот Пфалц.
Сепак целта на оваа наша посета на овој според нас еден од најубавите градови на Германија беше онаа старата архитектура која германскиот граѓанин, жител успеал да ја соочува, а со тоа сочува сликата и пред се историјата на овој град.

Куќички сочувани со стар начин на градба, фасада, зеленило, тесни улички и сочувана калдарма кој дополнителни ги разубавува ваквите места.
Понекаде никнуваат нови градби, ама тоа нас не нѐ интересира, бидејќи тоа денес го има насекаде, ама онаа старото сочувано не.

За жал, тоа не е кај нас во Македонија не е случај. Градовите ги губат своите ликови и пред сѐ она што е најважно својата историја и белези, и сето тоа по цена на новата градба и беззаконието..
Како и да е, сепак овој наш пост не сакаме да го расипеме со глупостите кои се случуваат и ќе ни се случуваат, туку да укажеме како некои успеваат да си го сочуваат убавото и сликата за убавото, и пред сѐ историјата.
Уживајте низ фото низ убавите делови на Регенсбург.