Министерството за надворешни работи на Иран (Iran) објави дека ембаргото за оружје кон Иран повеќе не е на сила и дека Техеран (Teheran) може да купува и продава оружје.
„Од денес, сите ограничувања во врска со предавање на оружје, поврзани активности, како и финансиски трансакции со Иран (Iran), сите забрани за влез или транзит преку територијата на земјите членки на ООН (UN), кои претходно беа воведени против ирански граѓани и воен персонал, тие автоматски престануваат да важат“, се наведува во соопштението на иранското Министерство.
Иранскиот претседател Хасан Рохани (Hassan Rohani) претходно изјави дека укинувањето на ембаргото за оружје е резултат на нуклеарен договор.
Во јули 2015 година, Иран (Iran) и шест меѓународни преговарачи постигнаа договор за иранската нуклеарна програма.
Договорот специфично предвидува ембаргото за оружје да се укине во рок од пет години. Испораките на оружје беа можни дури и пред тој рок, но само со согласност на ООН (UN).
Ембаргото истекува на 18-ти октомври.
Да потсетиме, САД (USA) се повлекоа од тој Договор, а во септември годинава американскиот државен секретар Мајк Помпео (Mike Pompeo) изјави дека санкциите на Советот за безбедност на ООН против Иран (Iran) повторно стапија на сила, и покрај тоа што Организацијата не се согласуваше со тоа.
Помпео се закани со „последици“ на земјите кои не ги почитуваат „обврските“ со цел да спроведат санкции. После тоа, претседателот на САД (USA), Доналд Трамп (Donald Trump), потпиша указ за воведување на строги економски санкции против оние кои ќе учествуваат во испораките на ненуклеарно оружје во Иран (Iran).
„Dubai-Portal“
„DW“










