Коснет му честита на Косово за обезбедување на 5Г мрежа

by Administrator

Амбасадорот на Соединетите Американски Држави на Косово, Филип Коснет, му честиташе на Косово за преземањето чекори за обезбедување на мрежата 5G.

Коснет на „Твитер“ рече дека ќе продолжат да работат заедно кон проширување на дигиталната економија на Косово.

„Го пофалуваме Косово за обезбедувањето дека неговите мрежи 5Г се на добар пат, без несигурни продавачи, во согласност со Вашингтонскиот договор ќе продолжиме да работиме заедно кон безбедна интеграција на регионалната комуникација и проширување на дигиталната економија на Косово“, напиша тој.

SlobodenPecat

You may also like