Околу три милијарди луѓе на планетата, или 40 отсто од севкупната светска популација, нема дома обезбедени услови за одржување на основната хигиена со миењето на рацете, покажуваат најновите податоци на УНИЦЕФ.

Според извештајот на УНИЦЕФ, во најнеразвиените земји дома не можат да ги измијат рацете речиси три четвртини од населението. Во Супсахарска Африка 63 отсто од луѓето кои живеат во урабаните области се без достапни основни хигиенски услови, како што е место за миењето раце.

На глобално ниво, 43 отсто од училиштата во кои одат 818 милиони ученици немаат можноста за миење раце со вода и сапун. Во најсиромашните земји, процентот училишта без место за миење раце се искачува на 70 отсто.

Netpress