ТЕРТЕР(АА) – Армијата на Ерменија ги гранатираше цивилите што заминале на погреб во градот Тертер. Во нападот животот го загубија тројца цивили, а петмина се ранети, јавува Агенција Анадолија (АА).
Според информациите што новинарот на АА ги доби од обезбедувањето на гробиштата, Вооружените сили на Ерменија со топови гранатирала група граѓани кои оделе на погреб на гробиштата во Тертер.
Голем број надгробни споменици претрпеле големи оштетувања од топовските гранати, а оштетено е и едно цивилно возило.
Азербејџанското Јавно обвинителство објави дека во нападот што е извршен околу 13:00 часот по локално време, загинале тројца цивили, а петмина се ранети.
Армијата на Азербејџан, по ерменскиот напад врз цивилните населби, на 27 септември започна контраофанзива.
Армијата на Ерменија која ги загуби своите позиции, продолжи да ги гранатира цивилните населби во Азербејџан.
На средбите одржани во Москва, Ерменија и Азербејџан се договорија, почнувајќи од 10 октомври во 12:00 часот, во сила да стапи хуманитарен прекин на огнот, со цел замена на загинатите и заробениците.
Армијата на Ерменија по нецели 24 часа од постигнатиот договор со проектили го гранатира азербејџанскиот град Ганџа, при што загинаа 10 лица, а 35 беа ранети.
Anadolu










