Затвор од 13 години за водачот на „Златна Зора“

by Administrator

Долгогодишниот партиски лидер на „Златна Зора“, Никос Михалолиакос, доби казна затвор од 13 години, пресуди денеска грчкиот суд.

Партискиот член Јоргос Рупакиас, е осуден на доживотен затвор. Тој го призна делото – убиство со нож на левичарскиот рапер Павлос Фисас, дело сторено во 2013 година.

Михалолиакос и шест поранешни пратеници од „Златна Зора“ минатата недела беа прогласени за виновни од страна на Судот во Атина за повеќе кривични дела. На товар на неонацистичкат апартија се ставени повеќе злосторства, меѓу кои убиството на Фисас и напади врз египетски рибари и комунистички синдикалци.

Златна зора со години беше дел од грчкиот парламент, а за време на големата економска криза во земјата, го засили влијанието и стана трета по големина почитичка сила. На изборите во 2019 година не го надмина изборниот цензус од 3%.

TV21

You may also like