Иако сите светски експерти истакнуваат дека маските се единствениот сигурен начин да се заштитиме од инфекција со вирусот корона, д-р Бранимир Несторовиќ има поинакво мислење.

 

 

Бројките околу нас се алармантни, а во Србија е забележано зголемување на бројот на новозаболени, а Кризниот штаб апелира за придржување кон мерките за превенција, особено нагласувајќи ја важноста на носењето маски. Докторот Бранимир Несторовиќ, кој се повлече од јавноста пред околу два месеци, објави шокантен пост на својот фејсбук-профил.

Naučnik iz CDC, maske ne deluju

Gepostet von Branimir Nestorović am Dienstag, 13. Oktober 2020

Несторовиќ, повикувајќи се на истражување на Центарот за контрола и превенција на болести (ЦДЦ), кој е Национален институт за јавно здравје на САД , го обелодени својот став дека носењето маски е непотребно во борбата против ширењето на коронавирусот?!

– Научник од ЦДЦ, маските не штитат – напиша кратко Несторовиќ на социјалните мрежи, а се однесува на споменатото истражување.

Имено, истражувањето на ЦДЦ посочува дека носењето маски во никој случај не ја намалува можноста една индивидуа да се зарази со коронавирусот.

– Студија на ЦДЦ, во која беа испитани симптоматски пациенти со ковид-19, откри дека 70,6% од испитаниците изјавиле дека „секогаш“ носат маска, додека дополнителни 14,4% велат дека „често“ носат маска. Ова значи дека огромни 85% од заразените пациенти пријавиле редовно носење маски! Само 3,9% од заразените рекле дека „никогаш“ не носат маска или друг тип заштита – се наведува во текстот на кој се повикувал и самиот д-р Несторовиќ, пишува Мондо.

Всушност, студијата покажа дека десетици илјади Американци се заразуваат со корона секој ден и покрај тоа што носат маски.

Она што треба да се забележи е дека споменатата студија е во директна спротивност со тврдењата за маски изразени од директорот на ЦДЦ, Роберт Редфилд, кој на неодамнешната конференција тврди дека дури и платнената маска е посигурна заштита од коронавирус отколку вакцината.

SlobodenPecat