На базата за обука на моторизираната пешадиска бригада на израелските одбранбени сили „Гивати“ („Givati“) на југот на земјата, дошло до масовна тепачка меѓу припадници на две единици, како резултат на што биле повредени 21 лице

Според израелските медиуми, тепачката се случила во базата Хар Керен (Har Keren), во која учествувале десетици војници од бригадата „Гивати“ („Givati“) и разузнавачкиот баталјон, пренесува „Мињуз“ „Mignevs“

Во инцидентот беа повредени 21 лице, седум војници со полесни повреди беа префрлени во болницата, а на останатите им беше укажана лекарска помош во базата.
Тепачката избила поради расправија за тоа која група први треба да влезе во кантината (менза). Еден војник зедол митралез. Претепани биле и полицајците кои се обиделе да ги раздвојат.

„Не сум видел толку срамен настан во сите овие години работа во армијата“, рече еден од офицерите.

Воената полиција започна истрага за инцидентот, вклучително и проверка на извештаите за употреба на оружје за време на борбата.

Прес-службата на израелските одбранбени сили објави дека „ова е исклучителен и многу сериозен инцидент што е спротивен на нормите и вредностите на кои мора да се придржуваат војниците на израелските одбранбени сили“.

Инцидентот ќе го истражува и командантот на бригадата.

Моторизираната пешадиска бригада „Гивати“ („Givati“) е елита на израелските одбранбени сили, концентрирана во Јужниот воен округ на земјата и учествува во бројни операции во Појасот Газа.


 „Dubai-Portal“

 „Sputnik“