Пукаше во Владата, па си пресуди: Што порача 22-годишниот Хрват пред крвавиот поход

by Administrator

Напаѓачот, кој утрово отвори оган кон зградата на хрватската влада во Загреб, при што тешко рани полицаец, за 20-тина минути потоа си пресуди и самиот, имал само 22 години, пренесуваат хрватските медиуми.

Веднаш по пукањето со калашников во центарот на хрватската престолнина, тој се обратил на „Фејсбук“.

Доста беа измами и несовесно газење на човечките вредности без одговорност, напишал тој.

Безук живеел во областа Кутина, а неговиот татко бил доброволец во татковинската војна, пишуваат хрватските медиуми.

Според порталот Индекс.хр, младиот човек пукал од „калашников“ откако му го одзел оружјето на својот татко.

Index

 

You may also like