Саудиска Арабија со потсетување: Бојкотирајте сè што е турско

by Administrator

Кон крајот на минатиот месец стапи на сила одлуката на саудиската влада за целосно забрана за увоз на турски производи. Веста денеска ја објави и британскиот медиум „Фајненшл тајмс“ („ФТ“) („Financial Times“), пренесувајќи изјава на шпанската група Манго – една од водечките европски компании во трговијата на мало со модна облека, која има и големи погони во Турција (Turkey).

Независно, влијателниот саудиски принц Абдулрахман бин Мусаад (Abdullrahman bin Musaad) повторно повика на бојкот на турскиот извоз во Саудиска Арабија (Saudi Arabia), откако турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган (Recep Tayyip Erdogan), додека беше во Катар (Qatar) овој месец, објави дека турската војска помага да се стабилизира ситуацијата во таа земја на Персискиот Залив (The Persian Gulf), која инаку ја бојкотира т.н. арапскиот квартет (Саудиска Арабија, ОАЕ, Бахреин и Египет) и кој е најголемиот сојузник на Турција (Turkey) на Блискиот исток (Middle east), како и земјата каде што Турција (Turkey) ја отвори својата прва странска воена база.

Претседателот на Истанбулската асоцијација на извозници на облека („ИАИО“) („IHKIB“), Мустафа Гултепе (Mustafa Gültepe), исто така зборуваше за саудискиот бојкот, велејќи дека настрадале сите малопродажни трговци кои произведувале во Турција и извезувале во земјите од Персискиот Залив (The Persian Gulf): „Зборуваме за сите светски брендови кои имаат продавници во Саудиска Арабија (Saudi Arabia), тие произведуваат во Турција (Turkey) и таму ја продаваат својата стока“.


„Dubai-Portal“

„Geopolitikanews“

You may also like