Двајца пратеници добија позитивни на тестовите на коронавирусот, но сепак ниту еден пратеник или вработен во собраниските служби нема да оди во изолација.
Директорот на Центарот за јавно здравје (ЦЈЗ) – Скопје Александар Стојанов, за МИА, ја потврдил информацијата и рекол дека во Собранието се почитуваат сите мерки и препораки за превенција од болеста.
Инаку, позитивен на болеста е пратеникот од ДУИ, Исмаил Јахоски, кој е на Инфективната клиника. Тој е во добра состојба, а болеста без симптоми ја поминува и пратеникот на СДСМ од Охрид, Лазе Таневски, кој е во изолација.
И премиерот Зоран Заев и министерот за здравство Венко Филипче денеска изјавија дека очекуваат пратениците да работат од дома и да заседаваат онлајн.
Премиерот Заев денеска истакна дека веќе од наредната седница на Владата ќе се состануваат онјалн, според протоколите на Комисијата за заштита од заразни болести.
Од најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ, пак, денеска уште еднаш го повторија ставот дека се против онлајн работа на парламентот бидејќи според нив тоа е спротивно на Уставот.
Skopje24









