ДОХА (АА) – Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, во рамките на еднодневната работна посета на Катар се состана со емирот на Катар, шеикот Темим бин Хамед ал Тани, јавува Агенција Анадолија (АА).
![]()
Тет-а-тет средбата, која траеше 1 час и 10 минути, се одржа во Морскиот дворец во главниот град Доха.

Средбата беше затворена за медиумите.
По состанокот започна работниот ручек.








