БРИСЕЛ (АА) – Високиот претставник за надворешна политика и безбедност на Европската Унија (ЕУ), Џозеп Борел, денеска изјави дека ЕУ ќе продолжи да работи со Турција со цел да се помогне во ставањето крај на конфликтите и непријателските дејства, јавува Агенција Анадолија (АА).
Одговарајќи на повторените барања на парламентарците на ЕУ, таа да „дејствува“ против Турција во врска со наводната вмешаност во конфликтот во Нагорно Карабах, Борел рече: „Ќе ги потсетиме двете страни на обврската за заштита на цивилите врз основа на меѓународното хуманитарно право и исто така ќе продолжиме да соработуваме со Турција.“
„Ако со ’дејствувајте‘ мислите ’преземајте воена акција‘, тоа не доаѓа предвид“, појасни Борел.
Тој изјави дека било вознемирувачко кога го слушнал турскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу, да изразува целосна поддршка на Азербејџан за време на посетата, како и на Џејхун Бајрамов, министерот за надворешни работи на Азербејџан, велејќи дека Ерменија мора да ги повлече своите окупаторски трупи пред да започнат разговорите меѓу двете страни.
Но тој додаде дека ЕУ ќе стори сѐ што ќе може користејќи ги само ресурсите на дипломатската област, посочувајќи на Групата Минск на ОБСЕ.
Пограничните судири избувнаа на 27 септември, кога ерменските сили започнаа со напади врз азербејџанските цивилни населби и воени позиции, кои резултираа со жртви.
Односите меѓу двете поранешни советски републики се тензични од 1991 година, кога ерменската војска го окупира Нагорно Карабах, меѓународно призната територија на Азербејџан.
Четири резолуции на Советот за безбедност на ОН и две резолуции на Генералното собрание на ОН, како и многу меѓународни организации, бараат повлекување на окупациските сили.
Групата Минск на ОБСЕ, со која копретседаваат Франција, Русија и САД, беше формирана во 1992 година, со цел изнаоѓање решение за конфликтот, но досега без резултат. Издејствувано е примирје во 1994 година.
Франција, Русија и НАТО, меѓу другите, повикаа на итен прекин на судирите во окупираниот регион.
Anadolu










