Илјадници светски научници и здравствени експерти потпишаа изјава против повторно воведување на карантин.

Coronavirus: Anti-lockdown petition calling for herd immunity reaches  30,000 signatures | Daily Mail Online

Скоро 6.000 експерти, вклучително и десетици од Велика Британија (United Kingdom), веруваат дека таквата мерка може да има разорно влијание врз физичкото и менталното здравје на една личност, како и врз самото општество. Тие бараат заштитата да биде насочена кон најранливите групи и здравите луѓе да продолжат со животот, пишува „Би-Би-Си“ („BBC“).

66 матични лекари и голем број медицински лица кои имаа важни позиции во британското медицинско друштво му пишале на британскиот министер за здравство за да ги посочи можните негативни ефекти од повторното заклучување, што е во согласност со барањата на движењето зад Големата декларација на Барингтон (Barrington).

Движењето зад декларацијата против затварање (карантин) започна во Соединетите држави (United states), а декларацијата досега ја потпишаа скоро 6.000 научници и медицински професионалци ширум светот, како и 50.000 граѓани.

Од друга страна, потписниците на Големата декларација од Барингтон (Barrington) се залагаат за нормално функционирање на младите, предавање во училишта и универзитети, отворање ресторани и одржување спортски и културни активности.


„Dubai-Portal“

„Inedx“