Познатот исламски научник и поранешен претседател на Меѓународната унија на муслимански научници „МУМН“ („IUMC“), шеикот Јусуф Ал-Карадави (Youssef Al-Qaradawi), ја прими талибанска делегација, која во моментов се наоѓа во катарскиот главен град Доха (Doha), каде се водат интра-авганистански преговори

Ал-Карадави (Al-Qaradawi) објави фотографија од состанокот на „Твитер“ („Twitter“) и рече: „Во мојата куќа, талибанска делегација која учествуваше во тековните интра-авганистански преговори во  Доха […] на преговори за дипломатски напори да се стави крај на деценискиот конфликт“. .

Во меѓувреме, Меѓународната унија на муслимански научници во изјавата рече дека нејзиниот претседател Ахмед Ал-Раисуни (Ahmed Al-Raissouni), исто така, се состана со делегацијата за да разговара за преговорите спонзорирани од Катар (Qatar).

На 12 септември Доха (Doha) беше сведок на започнувањето на првите директни разговори меѓу Кабул (Kaboul) и талибанското движење чија цел беше постигнување договор за завршување на војната и воспоставување на нова политичка сцена.

Разговорите дојдоа откако Талибанците и Вашингтон (Washington) во февруари потпишаа историски договор во Катар (Qatar), кој предвидуваше постепено повлекување на американските сили од Авганистан (Afghanistan) и размена на затвореници.