ВАШИНГТОН (АА) – Американскиот конгресмен од Републиканската партија, Стив Чабот, истакна дека прашањето за одбранбениот систем „С-400“ претставува проблем во тековните турско-американски односи, но потенцираше дека Турција е многу важна земја, и дека како НАТО сојузници овој проблем треба да се надмине, јавува Агенција Анадолија (АА).
Републиканецот Стив Чабот, копретседател на парламентарната група за пријателство меѓу Туција и Соединетите Американски Држави (САД), беше дел од онлајн панелот организиран од страна на Управниот одбор за турско-американска соработка (TASC).
Чабот, одговарајќи на прашањата на копретседавачот на ТАСК, Гунај Евинч, ја истакна важноста на турско-американските односи и рече дека двата сојузника во НАТО се значајни еден за друг.
„Турција отсекогаш била многу важен сојузник за САД. Системот за противвоздушна одбрана купен од Русија предизвика одредена загриженост во Пентагон и во Конгресот. Тоа треба да го надминеме. Турција е многу важна и моќна земја. Во НАТО сме сојузници и пријатели, мислам дека во еден момент треба да го надминеме овој проблем“, нагласи Чабот.
Истакнувајќи дека НАТО сѐ уште е важен сојуз, Чабот рече дека значајните сојузници САД и Турција играат многу важна улога од аспект на регионалната безбедност.
Anadolu








