ЕРУСАЛИМ (АА) – Илјадници Израелци продолжија со протестите против премиерот Бенјамин Нетанјаху во различни делови на земјата, и покрај мерките наметнати од Владата за спречување на ширењето на коронавирусот Ковид-19, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Израелскиот јавен сервис јави дека демонстрантите организирале протест и на плоштадот „Хабима“ во Тел Авив.
Полицијата ги растерала демонстрантите, како и оние на плоштадот „Рабин“ во истиот град, тврдејќи дека ги кршат рестриктивните мерки за собири.
Демонстрантите во Тел Авив извикуваа пароли во кои ги повикуваат Нетанјаху и неговата влада да дадат оставка.
Нетенјаху веќе се соочува со обвиненија за корупција, мито, злоупотреба на функцијата и измама.
Бенјамин Нетанјаху, кој ги негираше обвиненијата, во април годинава формираше Влада на национално единство со лидерот на Сино-белата партија, Бени Ганц.
Anadolu








